Имлементација

RECOVER-E :Имплементација

Компонентата за спроведување на проектот  RECOVER-E се состои од развој на мултидисциплинарни тимови за психичко здравје во заедницата (вклучувајќи психијатри, психолози, медицински сестри, социјални работници и peer workers – корисници на сервисите). Мултидисциплинарните тимови за психичко здравје во заедницата ќе обезбедат третман врз основа на локално адаптирана верзија на моделот за испорака на услуги (F-ACT). Тимот за психичко здравје во заедницата ќе биде ориентиран конкретно кон третман на лица со тешки психички заболувања (биполарно нарушување, шизофренија или тешка депресија). Пристапот за испорака на услугата и интервенциите доставени во рамките на CMHT се врз основа на докази. Тимoвите ќе бидат развиени преку сеопфатен пристап кон градење на капацитетите што се состојат од обука, тековно менторство и надзор, сесии за зајакнување на тимот како што се рефлективни сесии и планови за подобрување врз основа на повратни информации од ревизии на услуги.

 

Пристап

Многу ефективни интервенции не се имплементираат во поголем обем или воопшто не се имплементираат. Доколку се импелментираат во различен контекст, или стапката на успешна имплементација е премногу ниска, или тие се спроведуваат несоодветно. За да се намали овој јаз во имплементацијата, овој проект предлага да се имплементира интервенција која е приоритет на здравствената заштита во 5-те европски земји со места за имплементација во овој проект: Бугарија, Романија, Хрватска, Македонија и Црна Гора: тимови за ментално здравје во заедницата кои обезбедуваат третман на заедницата за лица со тешки психички заболувања.

This site uses cookies. Would you like more information? Read our statement. Hide message.